Една и пол година затвор за дадилката која тепаше две годишно дете во игротека

Една и пол година затворска казна доби дадилката кој го тепаше двегодишното момче во игротека во Капитол мол, објави Телма. Ова е одлука на Кривичниот суд откако жената ја признала вината. Сега предметот по жалба е во Апелациониот суд кој ќе треба да одлучи дали оваа казна ќе остане иста или ќе се промени.

Инаку настанот се случи на 21 ноември минатата година, а малтретирањето врз детето било снимано од безбедносните камери на игротеката.

Видеото беше објавено на социјалните мрежи, по што Обвинителството поднесе обвинение за дадилката.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега