Угостителите најверојатно во вторник ќе го отворат локалите

Министерот за здравство Венко Филипче денеска кажа дека ако се донесе одлука до крајот на недела, веќе во вторник угостителите ќе можат да ги отворат летните тераси. Отворањето на угостителските објекти  неколку пати се пролонгира, пренесува Сител.

Во меѓувреме угостителските работници бараат регулирање на нивното работење, односно пријавени на полно работно време, платени празници, викенди, прекувремена работа, исплата на к-15 , бенифициран стаж. Велат дека во секторот се регистрирани околу 20 илјади работници, а работат околу 80 илјади.

Комисијата за заразни болести достави предлог до Владата за продолжен полициски час од 19 часот во сабота, па до 5 часот наутро во вторник.

За овој пделог на Комисијата се чека одлука на Владата на денешна седница.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2020 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега