Синдикатот на угостители бара бенефициран стаж, платени празници и викенди

Синдикатот за угостителство и туризам бара од Владата да им се овозможи бенефициран стаж, бидејќи, се изложени на физички напор и работат во секакви услови. Тие бараат да им се овозможат правата за платен годишен одмор, но и да бидат пријавени на целосно работно време, со целосна плата.

На прес-конференција излегоа само неколкумина угостителски работници, а за останатите, велат дека голем дел имаат притисоци од газдите и затоа не се дојдени.

„Повикани сме да работиме по осум часа, а работиме по 10-11 часови и тоа не е платено. Бараме да се изнајде начин, сите работници од нашиот сектор, да добијат надоместок бидејќи и ние имаме семејства. Ние сме доста запоставени. Бараме викендите, празниците, прекувремената работа да ни биде платена. Задолжително да ни се плаќа надоместок за К-15 без да го враќаме кон газдите“, рекоа претставниците на синдикатот.

Тие потврдуваат дека поради кризата која ја предизвика коронавирусот, многумина кои се дел од угостителскиот сектор останале без работа. Претставниците на синдикатот рекоа дека немаат бројка, бидејќи, од отпуштените работници има и такви кои работеле непријавени во Завод за вработување, односно на црно. Оттука, тие тврдат дека се најзагрозена гранка на дејност во секој поглед.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2020 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега