Бизнис платформа за прекугранична соработка со Албанија

Во Маврово денеска ќе биде промовирана бизнис платформа во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија.

Предвидено е на платформата свое обраќање да има министерот за локална самоуправа Тахир Хани и на евроамбасадорот Аиво Орав, претседателот на ССК Златко Калеников, кој со градоначалниците на Тетово, Теута Арифи, на Гостивар, Невзат Бејта, на Боговиње, Хазби Идризи, на Маврово и Ростуше, Мукрем Мехмеди и на Јегуновце, Тони Коцевски, ќе потпишат Меморандум за разбирање.

Целта е унапредување на бизнис-соработката меѓу двете земји со акцент на полошкиот регион во Македонија и регионот на Корча во Албанија.

22.10.2013 - 09:38
Фото: 
Сител

најчитано сега