Министерот Димовски на средба со претставници од Светската банка и Европа Ре

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денеска се сретна со претставници од Светската банка и од специјализираната компанија за реосигурување ризици од катастрофа Европа Ре.

Целта на состанокот во рамки на Проектот за развој на осигурителен пазар од катастрофални ризици во кој се вклучени Македонија, Србија и Албанија, е  да се добијат дополнителни информации за македонскиот осигурителен пазар и да се зајакне соработката со релевантните институции за нормално одвивање на натамошните проектни активности. Целта на проектот, според нив, е создавање осигурителни производи за ризик од катастрофи и неповолни временски услови, при што посебен акцент беше ставен на развој на осигурителни производи наменети за потребите на земјоделците, се вели во соопштението.

Проектот за развој на осигурителен пазар од катастрофални ризици (SEEC CRIF) е инициран од Светската Банка, а имплементиран од Europa RE Facility, под покровителство на македонската Владата.

21.10.2013 - 14:46
Фото: 
Влада

најчитано сега