Му се заканувал на соседот со секира - приведен жител на Шипковица

Дваесет и седум годишен жител на Шипковица пријавил дека вчера околу 13 часот и 30 минути негов соселанец го нападнал, па му се заканувал со секира.  Настанот се случил во областа Шипковачко Теќе, по што 27 годишникот околу 15 часот и 30 минути пријавил во полиција.

– Околу 20 часот и 30 минути, во тетовска Шипковица, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 54-годишниот Ш. А. од ова село, во врска со кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Ш. А. задржан е во Полициската станица Тeтово за целосно расчистување и документирање на случајот, информира СВР Тетово.

За пријавеното ќе биде изготвен соодветен поднесок, соопштија од тетовската полиција. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2020 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега