Пожар во Росоман

 Пожар избувна денеска во Росоман, на локацијата викана „Бавчите”. Од росоманската Општина информираа дека пожарникарите спречиле огнот да зафати стопански субјекти.

– Благодарение на брзата интервенција на Територијална противпожарна единица Кавадарци, пожарот што се појави и постоеше голема опасност да се прошири и да предизвика поголеми штети на стопанските субјекти, беше брзо и успешно локализиран. Апелираме до граѓаните да внимаваат за своите постапки и во овие критични моменти да не предизвикуваат потенцијални опасности како во доменот на стопанските субјекти и во однос човечките животи, соопштија од Општина Росоман.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2020 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега