Николоски: Со листите ВМРО-ДПМНЕ ја претставува реформата „Нови луѓе, за ново време“
Во однос на носителите – од шесте носители имаме две жени, што е во рамки на законските решенија. На следните избори ќе се обидеме да имаме, три, а зошто не и четири жени, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, на гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.
Од шесте носители, двајца не се членови на ВМРО-ДПМНЕ, тоа се проф. гордана Силјановска – Давкова и Дурловски.
-Заради континуитетот точно е дека неколку пратеници повторно се кандидати, бидејќи се покажале со својата работа. Концептот на овие листи е продолжение на она што го започнавме во партијата после промената на раководството- силна и сериозна реформа во партијата која сакаме да ја направиме и во државата. Фигуративно го нарековме „Нови луѓе за ново време“, затоа што е факт дека доаѓа ново време во Македонија, рече Николовски.
Говорејќи за изборните листи, тој кажа дека од шест носители, шест се за прв пат носители на изборни единици.
-Тоа не значи дека кадрите кои не се на пратеничките листи направиле нешто лошо или не оставиле трага во партијата, напротив сметаме на нив и во следниот период на соодветни позиции во извршната власт. Тоа е дијаметрално спротивен концепт од она што го понуди СДСМ на овие избори. Исто така од шест носители шест се за прв пат носители на изборни единици, изјави Николовски.
Николовски зборуваше за вклучувањето на Сафет Бишевац како кандидат за пратеник.
-Господинот Бишевац е претставник на Бошњачката зедница во Македонија. Заеднички предлог е на ВМРО-ДПМНЕ, на неколку здруженија на Бошњаци во Македонија и партијата СДА која долги години е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и ако сите се согласуваат дека тој човек треба да е нивни претставник во Собранието, ние можеме само тоа да го прифатиме, вели Николовски.
Според него, самиот факт дека Бишевац претходно го критикувал ВМРО ДПМНЕ, а сега со нив, зборува за реформите во партијата.
-Но, има уште една новина – ова нема да е униформен состав на пратеници на ВМРО – ДПМНЕ. Ќе видите поразлична работа на пратеничката група, изјави Николовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа