Џерард ќе стане дедо
Англискиот фудбалски тренер и поранешен фудбалер Стивен Џерард (44) ќе стане дедо. Неговата ќерка Лили-Ела (20) го чека своето прво дете со момчето Ли Бирн.
Таа среќната вест ја потврди на Инстаграм.
„Нашата мала тајна. Најдобри вести. Нашето малечко е на пат“, напиша таа прикачувајќи фотографија од позитивен тест за бременост, фотографија од ултразвук и бебешки чевли. Таа додаде розово и сино срце во описот на фотографијата.
17.01.2025 - 14:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа