Детали за трагедијата во Прилеп: Мајката потпишала да си оди од болница со близнаци тешки по 1800 грама

 

Двете деца кои починаа во прилепското село Славеј наводно биле премрзнати. Тие биле родени пред 20 дена и тежеле по околу 1800 грама. Иако им била потребна нега во болнички услови, мајката на децата ја преземала одговорноста и сама потпишала во болница дека сака со децата да си замине дома.
Станува збор за жена на 23 годишна возраст која си заминала од болница по својата четврта бременост по која го добила четвртото и петтото дете.
„На 16.01.12025 во 11.00 часот во полицијата во Прилеп од Општа болница Прилеп било пријавено дека во домот на З. Р. (39) и В. Р. (23) во с. Славеј, Прилепско, починало неколку недели старо машко бебе, додека кај нив во тешка здравствена состојба била донесена неговата сестра близначка, која, исто така, починала околу 13.00 часот. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот”, соопштија од МВР.

„Првото новороденче, машко, било со родилна тежина од 1.970 грама, а второто, женско, со тежина од 1.780 грама. На 10 јануари, на барање и со потпис од мајката, децата биле пуштени дома. Потоа во текот на вчерашниот ден во 10:45 часот на одделот за детски болести е донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување“, велат од прилепската болница.

Според достапните информации, велат од болницата, машкото новороденче е претходно починато дома од истата причина.

„По приемот на женското новороденче, веднаш е преземена интензивна медицинска интервенција. Извршена е реанимација, новороденчето е интубирано, поставено во топли ќебина и применети се дополнителни мерки за затоплување. И покрај сите преземени обиди од медицинскиот персонал, состојбата продолжи да се влошува. Во 13 часот е констатирана смрт“, се вели во дописот на ЈЗУ Општа болница Прилеп.

 

17.01.2025 - 12:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега