ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е синоним за смрт

 

СДС е партија која ја води Венко Филипче, човек кој беше министер за здравство во криминалната влада на СДС-ДУИ.
За време на министерувањето на Филипче и владеењето на СДС, во здравството не се направи ништо за да се подобрат условите. Наместо да работи на унапредување на здравството и на условите за работа на здравствените работници, Филипче го интересираше само личните и бизнис интересите на тендерашот и негов претходник, Зоран Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение испратено до јавноста.

„Наместо да ги средува состојбите и да ги подобрува условите во здравството, Филипче како министер го интересираа само провизиите од местењето тендери. Само затоа што го интересираа само провизии од тендерите, Филипче како министер за здравство дозволи да се постави криминална модуларна болница во Тетово, во која живи изгореа 14 лица. А одговорност за тоа, Филипче не сноси зошто, замислите, кабелот бил крив.

Филипче е министер за здравство во чие време Македонија ја позиционираше високо на европските и светски листи по смртност од корона вирусот. Официјалните податоци покажуваат дека во државата од корона вирусот починале скоро 10 илјади македонски граѓани.

Филипче, исто така, е министер кому му колабираше системот со сообраќајката на Дурмо Турс во која животот го загубиле 16 лица. А тоа се случи најмногу поради лошата поставеност на здравството со кое раководеше Филипче.

Наместо сите пациенти да се носат со брза помош во една болница, на лице место требаше да има тријажен центар кој што требаше да одредува кој пациент во која болница треба да биде пратен. Само така системот немаше да биде оптеретен и ќе се дадеше шанса да преживее уште на некој од настраданите.

Значи, кога СДС држат пресови за здравството во Македонија, треба да имаат предвид дека нивниот претседател Филипче, додека министерувал со истото тоа здравство бил синоним за смрт и синоним за уништување на јавниот здравствен систем“, стои во реакцијата на владејачката партија.

17.01.2025 - 13:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега