Паднавме на 86 место на ФИФА ранг листата

Поразите од Велс и од Србија се причина што нашата селекција падна за 11 места на листата на ФИФА. Од 75-то место сега се најдовме на 86. На врвот второто и третото место ги сменија Германија и Аргентина, додека Италија направи пад од четири позиции. Бразил испадна од топ десетте, додека скок од седум позиции направија Швајцарија и Англија, селекции кои се најдоа во најдобрите десет.  

Во ТОП 10 редоследот е следен: Шпанија, Германија, Аргентина, Колумбија, Белгија, Уругвај, Швајцарија, Холандија, Италија и Англија.

Новата промена на ранг листата ќе биде на 28.ноември.

17.10.2013 - 15:31
Фото: 
17.10.2013 - 15:31

најчитано сега