Детектор: Синдикатите не ги бранат правата на работниците за заштита при работа

 

Повеќе од половина од граѓаните сметаат дека синдикатите не ги бранат правата на работниците за заштита при работа, покажува најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 52,7% од анкетираните велат дека синдикатите не ги бранат правата на работниците за заштита при работа, додека 32,8% го тврдат спротивното.
64,5% од анкетираните велат дека за нив е многу значајно да се реши проблемот со стандардите за заштита при работа, а само 10% од анкетираните велат дека на нивното работно место условите во кои работат не се безбедни за нивното здравје и живот.
Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1105 испитаници во периодот од 8 до 11 јануари оваа година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2020 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега