Мицкоски: Здравствените работници заслужуваат внимание и поддршка бидејќи се клучен елемент во здравствената нега

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Гевгелија оствари стредба и со здраствените работници при што од негова страна беше потенцирано дека здравствените работници заслужуваат внимание и поддршка бидејќи се клучен елемент во здравствената нега и здравјето на граѓаните.

-Бев на средба со здравствените работници во Негорци и на работен ручек со стопанственици од Гевгелија. Покрај економијата силен фокус ќе имаме и на враќање на достоинството на здравствените работници. Здравството не смее да биде експеримент за криминално богатење на поединци, ниту пак за перење на пари на белосветски измамници какви што гледаме дека Заев прибирал во Македонија. Здравствените работници заслужуваат внимание и поддршка бидејќи се клучен елемент во здравствената нега и здравјето на граѓаните. Програмата која ќе ја понудиме ќе има сеопфатен пакет на мерки кои ќе подразбираат обнова на најважните сегменти на здравството, порача од денешната средба со здраствените работници лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2020 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега