Антикорупциска предупредува: Предизборните вработувања можат да бидат предизборна корупција

Вработувањата во државни институции периодов, иако не се противзаконски, сепак оставаат простор за сомнеж дека со тоа може да се влијае на изборниот резултат, велат од Државната комисија за спречување корупција. Антикорупционерите внимателно ќе го следат однесувањето на сите чинители во општеството во предизборието и доколку оценат дека има најмал сомнеж за корупција ќе реагираат по сопствена иницијатива и по допрен глас од јавноста, пренесува Сител.

„Во периодот по утврдување на датумот за предвремени избори, а посебно во месец јануари, сме сведоци на сè помасовни објавувања на огласи за вработувања, што не е ограничено со законот, ниту со изборниот, ниту со нашиот закон, меѓутоа остава простор за сомневање дека се врши влијание врз гласачкото тело, дотолку повеќе што сами знаете дека некои конкурси не можат да си ја добијат својата завршница до изборите и на тој начин гласачкото тело, односно тие учесници во конкурсите се ставаат во некоја незавидна ситуација, во очекување. И тоа не е добро”, рече Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување корупција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.01.2020 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега