Димитров во Берлин на средба со Вархеји

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Берлин.

Димитров ќе учествува на Втората средба од висок ранг на германско-француската иницијатива за сеопфатна контрола на мало и лесно оружје во земјите од Западен Балкан со која ќе претседаваат германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

Како што соопшти МНР, во рамките на работната посета планирани се и средби на Димитров со негови колеги и други високи учесници на настанот, како комесарот за соседство и проширување Вархеји. Предвидено е министерот да се сретне и со високи претставници од кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел и германското Министерство за надворешни работи.

– Посетата се случува во период на засилен ангажман во пресрет на дискусиите на ЕУ ниво за ажурираната методологија на Европската комисија за водење на пристапните преговори, како и одлуката за Северна Македонија за отворање на преговорите, наведува МНР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2020 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега