Оваа фотка ги разбесни жените од целиот свет

На фотката оваа жена позира при што го покажува своето совршено тело и трите малечки деца. Сликата сама по себе не е проблематична, но проблематичен е насловот – Кој е вашиот изговор?. Се работи за реклама за новата книга на Марија која претставува фитнес план за доведување на телото до совршенство.

Фотката има над 180.000 лајкови, сподделена е над 14.000 пати и има над 20.000 коментари. Меѓу нив има и позитивни, но има и такви кои ја нарекуваат одвратна, желна за слава и насилна.

„Насловот е полн со предрасуди, изнесен само на основа на твојата ситуација, градбата на телото, образованието и приходите. Зошто мислиш дека е позитивен или мотивирачки? Можеби си можела да напишеш „Вие тоа го мо=ете“ или нешто слично. Тоа ќе беше поумесно, наместо да тврдис дека сите ние имаме изговори“, гласи еден од коментарите.

Се разбира дека Марија не останала рамнодушна на коментарите, па затоа се обрати преку соопштение.

 

„Жал ми е што вака негативно реагирате на кориците на мојата книга. Не навлегувам во деталите, но сакам да ви кажам дека се борев со генетиката, патев од пореметување во исхраната, работам две работи, не сум природно слаба и не работам како фитнес тренер. Сепак, ќе ви го кажам следното. Тоа што вие го зборувте, не е мој проблем, туку Ваш. Првиот чекор е да почнете да владеете со сопствениот живот, телото и судбината и да знаете дека мислите кои изглегуваат од вашата глава се само ваши. Јас не ги создадов, туку вие“, вели Марија која претходно патела од булимија.

16.10.2013 - 23:07

најчитано сега