„Фич“ го потврди стабилниот кредитен рејтинг на Македонија

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ ја потврди фискалната стабилност на Македонија и го задржа кредитниот рејтинг на земјата на стабилен „ББ+“, врз основа на подобрените проекции за економски раст на земјата, умерениот буџетски дефицит и државен долг, стабилната валута и стабилниот банкарски сектор.

 Министерството за финансии денеска соопштува дека растот на македонската економија во 2013 година, благодарение на одличните резултати во градежништвото, ќе биде 2,7 проценти, додека за наредните години се предвидува поинтензивен раст. Агенцијата ги нотира и странските инвестиции во технолошко индустриските зони како важен контрибутор во трговското салдо во земјава.

 „Фич“ оценува дека македонската Влада ќе ги исполни целите кои ги има дадено во фискалната стратегија. Според прогнозите на „Фич“, Европската унија постепено ќе се опоравува од економската криза, што ќе влијае позитивно на трговскиот биланс на Македонија.

16.10.2013 - 12:28
Фото: 
Дневник.мк

најчитано сега