Тркалезна маса на Стопанската комора на Македонија

 „Металниот комплекс - стратешка гранка за развој на националните економии и економијата во ЦЕФТА-регионот" е темата на тркалезната маса која денеска се одржува во организација на Стопанската комора на Македонија.

- Тркалезната маса се очекува да ги идентификува состојбите во металниот комплекс во ЦЕФТА-регионот, проблемите и предизвиците, како и да испорача препораки до владите овој комплекс да прерасне во движечка сила за очекуваниот развој во регионот, соопшти Стопанската комора.

 Стратегијата 2020 за Југоисточна Европа цели, меѓу другото, кон раст на вработеноста преку зајакнување на индустриската база во регионот, унапредување на извозот на високо финализирани производи и кон зголемување на интрарегионалното вмрежување на производството, соопштија од Стопансакта комора на Македонија.

16.10.2013 - 11:05
Фото: 
Лидер.мк

најчитано сега