ФОТО: Миркуловски се подготвува за враќање на теренот

Македонскиот ракометар, Филип Миркуловски, напорно вежба за да закрепне, и повторно да може да се врати на теренот.

На својот Фејсбук профил, ракометарот објави фотографија направена во теретана, каде се гледа дека напорно вежба за да се врати во игра по операцијата на коленото.

Миркуловски воедно на социјалната мрежа Фејсбук се заблагодари и за поддршката која му ја даваат неговите фанови.

15.10.2013 - 09:57

најчитано сега