Кристијано Роналдо се плаши од Франција

Кристијано Роналдо не сака неговата репрезентација во баражот за Светското првенство да игра со Франција.

„Теоретски од сите потенцијални противници во баражот Франција е најсилна. Ако постои селекција која треба да се избегне тоа е француската, но не само поради квалитетот, туку и од други причини кои не сакам да ги објаснувам затоа што ќе бидам казнет “, изјави Роналдо.

 

Португалија е во групата Ф, каде прво место е Русија со три бода повеќе. Во последното коло Португалија на домашен терен ќе го пречека Луксембург, додека Русите гостуваат кај Азербејџан.

14.10.2013 - 15:11

најчитано сега