Стојаноска: За Македонија историска грешка е Зоран Заев и владеачката гарнитура

 

 

На јавноста и стана јасно се, велевте дека основен услов е да се реши името, по тоа откако го постигнавте Доворот со Грција излезе дека не било така, му посочи Дафина Стојаноска, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на пратеникот од СДСМ, Костадин Ацевски на дебатата на телевизија Канал 5.

-По ова владата покажа дека не е способна да ги реализира реформите. За Македонија историска грешка е Зоран Заев и владеачката гарнитура.Тоа е ситориска грешка која ќе биде запишана во историјата на Македонија, посочи Стојаноска која се осврна и на се она што требаше да се направи, а не се направи.

Стојаноска го праша Ацевски зошто народот сега се поинтензивно се иселува и укажа дека „ова сега е држава во која владее корупција и криминал, криминалците се на улица, секојдневно се случува насилство“.

Стојаноска укажа и на маниплуацијата која се прави се пред избори.

-Има големи притисоци во администрацијата. Секој треба да се охрабри и да пријави. Има голема манипулација со граѓаните, рече Стојаноска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.11.2019 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега