ВИДЕО: Ајфеловата кула во македонски вулкан - погледнете ја жешката атмосфера во „Борис Трајковски“

Францускиот ракометен шампион Пари Сен Жермен упати пофални зборови за навивањето на фановите на Вардар за време на дуелот во салата „Борис Трајковски“. За разлика од мечот со Металург сега французите немаа замерки за жешката атмосфера направена од страна на фановите на домашниот тим. 

Фановите на „црно-белите“ направија вистински спектакл како во холивудски фолм. Ја прикажаа Ајфеловата кула во македонскиот вулкан. Ова ги воодушеви французите па истото го објавија и на интернет страницата на ПСЖ. 

Понатаму е дополнето дека како и Барселона така и ПСЖ биле немоќни во Скопје за да со триумф се вратат од Скопје. Ремите со Вардар, французите велат дека не смее да се повтори. 

За потсетување, Вардар во неверојатен финиш успеа да одигра 24:24 со големиот француски фаворит.

14.10.2013 - 10:34

најчитано сега