Михајлоски за Лазовски: Најодмаздливото морално џуџе

Тони Михајловски реагираше на објавата на Фејсбук од заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, во која, иако не го именува, алудира на учеството на Јовановски во театарската претстава „Бесачи“.

„Не така оддамна, во едно лошо време, бевме под закана од гумени куршуми, бетонски плочи, БЕСЕЊЕ, убиства, ликвидација… Истите тие заканувачи денес слободно можат професионално да креираат и да се изразуваат без никаква реваншистичка закана од нивните довчерашни жртви. Заедно, под ист покрив, во ист проект, на иста претстава под ист наслов, со ужасно вистинита последна реплика. Ние тоа го гледаме и разбираме. Се надевам и вие. Но, очајнички тешко се соочувате со тоа“, напиша Лазовски.

„Најнебитниот во министерство за некултура, и најнеприметливиот на сцената. Заменикот во собирен центар за антиталенти. Најодмаздливото морално џуџе. Он бил под закана..
п.с. До колена не си му, па да си уште два пати по толку висок.“, напиша Михајловски за Лазовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.09.2019 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега