Судот го одби барањето на Илија Димоски за запирање на постапката за „Титаник“

Судот го одби барањето на обвинетиот Илија Димовски и неговите адвокати за прекин на сидскиот процес за случајот „Титаник“ се додека не се реши статусот на поранешната обвинителка Катица Јанева.  Судијата Осман Шабани го отфрли барањето како неосновано и рече дека нема причина да се одолговлекува процесот. Претходно обвинетиот Илија Димовски рече дека обвинителите се уште земаат плата од СЈО. Според него, судот треба да ја прекине посапката поради трошоците и заштитата на правата на обвинетите.

„Се поставува прашањето каде е вработена Лиле Стефанова? Според нашите информации таа се уште е во работен однос во СЈО и законски не фигурира во составот на Основното обвинителство. Како може да биде платена од една институција а да застапува друг орган?“-рече Илија Димовски.

Во случајот „Титаник“, за изборни злоупотреби обвинитети се десетици лица меѓу кои и Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Мартин Протуѓер, Билјана Бришковска, Едмонд Темелко и Мунир Пепиќ.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2019 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега