Трагедија во скопско: Мртов маж најден во шахта

Трагедија го потресе Скопје откако старец паднал во шахта додека ја чистел и починал на лице место.

Во 18.26 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај автобуската во селото Љубанци, скопско, бил пронајден починат 73-годишниот А.П. од селото.

МВР информира дека според пријавеното, старецот паднал во шахта. Од извршениот увид било утврдено дека А.П. додека ја чистел јамата од семејната куќа, паднал во неа и починал.

Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.09.2019 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега