ВИДЕО: Скандал во Бугарија - навивачите влетаа на прес конференција и го соблекоа тренерот

Навивачите на бугарски Левски од Софија не му дозволија на клубот да го промовира новиот тренер Ивајло Петев кој треба да биде замена за отпуштениот Славиш Јокановиќ. Навивачите влетаа на прес конференцијата, застанаа пред камерите и побараа од Петев да ја соблече блузата со облележјата на Левски бидјеќи не е достоен да ги носи сините бои на софискиот прволигаш. Според нив, тој бил симпатизер на лутиот ривал ЦСКА

08.10.2013 - 23:39