Виктор Валдес си заминува од Барселона

Андрес Иниеста заедно со останатите играчи на каталонскиот тим се обидоа да го убедат Виктор Валдес да остане во тимот, но и покрај тоа тој одлучи да си замине.

- Мојата кариера во Барселона е завршена. Ми понудија нов договор, но јас веќе донесов одлука. Потребен ми е нов предизвик, сакам да играм во нова лига и со семејството да живеам на друго место, изјави 31-годишниот голман.

Валдес потекнува од младинскиот погон на Барселона и во матичниот клуб ја помина целата досегашна кариера.

08.10.2013 - 13:37

најчитано сега