МВР потврди: Се самоуби поранешниот возач на Хазби Лика во Тетово

 

Педестиседумгодишен маж од Тетово со иницијали Ф.Т е најден мртов во возило со рани од огнено оружје. Телото било најдено од страна на неговиот син на крстосницата на улицата Киро Ристовски-Дрнц и Андреа Стојановиќ во Тетово,  информира полицијата

-Извршен е увид од страна на екипите на СВР Тетово и јавен обвинител по што е констатирано дека станува збор за самоубиство на лицето Ф.Т (57). Самоубиството е потврдено и од јавниот обвинител, информираат од СВР Тетово.

Случајот во тетовската полиција е пријавен во 11 часот.  Човекот бил вработен во општина Тетово.

Инаку, претходно беше објавено дека лицето е поранешен возач на Хазби Лика и во моментот бил вработен во Секторот за урбанизам во општина Тетово.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.07.2019 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега