Лубеницата ви е воденеста и без вкус - постои спас за да не се фрли, вака ќе биде блага како мед
Лубеницата е здрава и вкусна, таа е кралица на летото. 91% од составот на лубеницата е вода.
Тоа значи дека ја има моќта да нè хидрира во пеколните жештини без додатните калории, бидејќи лубеницата содржи само 30 калории во 100 грама. Исто така, богата е со витамин А и витамин Ц кои позитивно делуваат на нашето здравје.
Кога нареден пат ќе решите да се почастите со лубеница, која според витамините е едно од најздравите овошја, ставете и сол.
Тоа помага благодарејќи на констрастот да се отстрануи добар дел од водата во лубеницата, па да остане само слаткиот дел. Не само тоа, туку и ќе ви направи да произведувате повеќе плунка во организмот, што ќе ја направи лубеницата уште послатка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа