Прогласена вонредна состојба во Чиле

Прогласена е вонредна состојба во Чиле поради мраз, направена е штета од милјарди долари врз овоштарници, а има можност да биде загрозено и производството на вино.

Регионот кој е погоден од мраз е главен производител на вино и овошје. Според податоци на Владата, Чиле од извоз на овошје во 2012 година имале заработка од околу 4,3 милијарди долари, а од вино – 1,8 милијарди долари.

– Овој мраз остави најтешки последици за земјоделието во изминатите 84 години и влијае врз областите од Кокимбо до Био Биа, се вели во соопштение на Здружението на фармери. Според прелиминарни проценки, штетите во крајот на септември се милијарда долари.

04.10.2013 - 09:35

најчитано сега