Колку трае идеалниот секс?

Пристигна и потврден одговор на прашањето дали нашата култура има создадено нереални очекувања и искривена слика за тоа колку долго треба да трае сексуалниот однос.

Целовечерните маратони се досадни, додека сексот кој трае 10 минути е речиси совршен за повеќето луѓе, заклучуваат научниците. "Journal of Sexual Medicine" го објави истражувањето кое го спровеле членовите на Друштвото за сексуална терапија и истражување. Тие дошле до заклучок кое е идеалното времетраење на сексуалните односи.
 
Така, односите кои траат минута до две се прекратки, од три до седум е прифатливо, а се над 13 минути е предолго. Оттука, идеалното времетраење е од 7 до 13 минути.
 
Научникот Ерик Корти, професор и соработник на отсекот за психологија на Пен Стејт Универзитетот, вели како многу мажи и жени веруваат во бајката за целовечерен секс, а тоа е ситуација како измислена за разочарување.
 
Научниците се надеваат дека ова истражување ќе ги охрабри жените и мажите со реалистичните податоци.
03.10.2013 - 20:26

најчитано сега