НБРМ: Нема договор за повлекување на Грците од Стопанска банка Скопје

Во врска со веста за договор меѓу Европската комисија и НБГ за повлекување на НБГ од пазарите во Југоисточна Европа, којашто ја пренесоа повеќе македонски медиуми од грчкиот Катимерини, би сакале да ве информираме за следново: таков договор сè уште не постои. Тоа е една од опциите коишто ги разгледува Европската комисија, но е неизвесно каков договор ќе се постигне.  Без оглед на тоа какво решение ќе се донесе, треба да се знае дека Стопанска банка е домашно правно лице коешто работи во согласност со законските прописи во Република Македонија. Таа е далеку најдобрата банка во рамки на групацијата на НБГ и една од најдобрите банки во Република Македонија според системите за управување со ризиците и корпоративното управување, како и според капиталот, ликвидноста и нивото на ризик. Дури и да биде донесено решение НБГ да се повлече од Стопанска банка АД Скопје, тоа би бил подолг процес во кој активно би била вклучена и НБРМ. Стопанска банка“ АД Скопје би продолжила најнормално да функционира на пазарот. НБРМ би водела сметка на крајот од тој процес оваа банка да добие нов доминантен акционер. Сите нејзини клиенти би продолжиле нормално да ги добиваат стандардните услуги од банката

(Интегрлаен текст од соопштение на НБРМ)

03.10.2013 - 15:36

најчитано сега