Турски инвеститори заинтересирани да инвестираат во Неготино

Инвеститори од Турција се заинтересирани за да известира во откупно-дистрибутивен  центар за овошје во Неготино. За ова денеска информираше градоначалникот на неготинската општина, Ванчо Апостолов.

- Турците се заинтересираа за нашата нова индустриска зона, Црвени Брегови. Таму локалната самоуправа Неготино обезбедува комунално инфраструктурни предуслови  за изградба на вакви и слични капацитети. Ќе сториме се што е  во наша можност како локална самоуправа да донесеме една ваква инвестиција на неготинска територија, изјави градоначалникот Апостолов по средбата со турска делегација од Кемал Паша во Турција.  

 

02.10.2013 - 15:22
Фото: 
Денешен

најчитано сега