Јазбец: Членството во НАТО значи стабилнсот за земјата и можност за економски развој

Ширењето на НАТО чадорот во регионот можеби претставува прва и единствена можност за Балканот конечно да постигне мир, стабилност и просперитет. Членството во НАТО за Северна Македонија значи стабилнсот за земјата, можност за економски развој и да се биде дел од голем систем на колективна одбрана и превенција на конфликти меѓу земјите, порача денеска словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, додека зборуваше за предизвиците и перспективите на Балканот и Евроинтеграцискиот процес пред студенти од повеќе од 20 држави на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје.

Амбасадата на Словенија од 1 јануари годинава е контакт амбасада на НАТО во нашата држава. Јазбец, со оглед на брзото темпо на ратификација на протоколот за членство во НАТО посочи дека очекува неговиот двегодишен мандат да заврши порано.

– Иминатите два месеци дури 11 од вкупно 29 земји членки го ратификуваа пристапниот протокол за членество на Северна Македонија во НАТО и оттука очекувам дека мојот мандат ќе заврши побрзо од предвидениот двегодишен мандат, што е особено важно за вашата држава, изјави Јазбец.

Потсети дека Словенија била првата земја што отвори амбасада во нашата земја и сега е една од првите што го ратификуваат протоколот за членство во НАТО.

– Ова ја покажува силната и пријателска поддршка од Словенија, изјави Јазбец.

Посочи дека пред да биде амбасадор во нашата држава бил амбасадор во Турција и дека за врската меѓу трите држави покажува тоа што по независноста Словенија прва отворила амбасада во нашата земја, додека Турција е првата земја што ја призна нашата држава по тогашното уставно име.

– Денешното предавање тука пред студенти од повеќе од 20 земји најдобро покажува како да се поттикнат и мотивираат младите луѓе. Како да им се покаже дека постои пат напред за секој и дека секој може да успее со напорна работа и образование, изјави Јазбец.

Амбасадорот Јазбец, пред студентите зборуваше за тоа како Европа единствено преку заедничка активност на НАТО, ЕУ и Советот на Европа успеала да достигне така високото ниво на економски и политички развој, додека со евроинтеграциските процеси покажала дека е можно тоа да се искористи и за трансформирање на глобалната заедница.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2019 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега