Ставревски: Владините политики за привлекување странски инвестиции даваат резултати

Денеска македонскиот вицепремиер и министер за финансии, Зоран Ставревски, коментирајќи ги новите податоци за странските инвестиции во Македонија, истакна дека владините политики за привлекување на инвестициите даваат резултати.

- Од  јули 2006 година  заклучно со јули  годинава во Македонија се влезени вкупно милијарда и 800 милиони  евра странски инвестиции, што  е за цела милијарда евра повеќе отколку  во претходниот десетгодишен период кога сегашната опозиција ги креираше економските политики, изјави Ставревски.

Според Ставрески, податоците за нивото на странските инвестиции во Македонија се само потврда  дека политиката за привлекување  странски инвстиции на Владата дава резултати.

- Задоволни сме што и  оваа година за седум месеци имаме над 130 милиони евра  странски инвестции, што  е повеќе отколку целата мината  година, но и кумулативно  бидејќи привлекувањето странски инвестции е процес и треба да го гледаме во временски период од четири-пет години.  За илустрација, од  јули 2006 година  заклучно со јули  годинава во Македонија се влезени вкупно милијарда и 800 милиони   евра странски инвестиции, што  е за цела милијарда повеќе отколку  во претходниот десетгодишен период кога сегашната опозиција ги  креираше економските политики, рече Ставрески. 

Тоа потврдува дека Владата е успешна  во реализација на предвидената цел, односно да донесе повеќе странски компани  и глобални имиња и брендови во Македонија, потенцира министерот за финансии.

01.10.2013 - 13:03

најчитано сега