Италијански медиуми: „Велики“ Горан Пандев

Италијанскиот портал „TuttoNapoli“ со пофални зборови за Горан Пандев и играта која ја прикажа на дуелот со Џенова.

Македонскиот капитен постигна два гола во првото полувреме со кои му донесе победа на Наполи од 2:0 на гостувањето кај Џенова. Насловот на интернет порталот „TuttoNapoli“ за анализата на овој меч и играта беше „Велики“ Пандев.

Со овој наслов и текст овој портал го величи македонскиот фудбалер кој уште еднаш покажа дека е од светска класа.

Во текстот меѓудругото се вели дека Пандев иако е во втор план кај Рафа Бенитез и иако не е во топ форма, сепак покажува дека се работи за фудбалер кој има голем квалитет и потенцијал и максимално ја користи секоја минута на теренот.

Овие два гола кои ги постигна против Џенова беа први на Пандев во новата сезона.

29.09.2013 - 19:56

најчитано сега