Хирург спасил жена со нож и пенкало!

Познат хирург од Калифорнија спасил жена која се давела од парче месо. Докторот Ројс Џонсон , шефот на одделот за инфективни болести во медицинскиот центар во Керм во Калифорнија , бил на вечера во ресторан  кога една од гостинките почнала да се дави.

-Нејзината усна и лице започнаа да помодруваат , изјавил нејзиниот сопруг

Во тој момент докторот  Џонсон  ја преземал работата во свој раце . Со џебно ноже добиено од еден од гостите и направил рез на вратот , и потоа пенкалото од кое претходни ја извадил мината , го ставил во направениот отвор на вратот за да го искористи како туба за дишење. Операцијата била успешна , жената потоа со возило на итната помош била префрлена во болница каде успешно се заздравува

27.09.2013 - 10:06

најчитано сега