Крвава пресметка во Куманово: Го претепале, па тој извадил нож и прободел еден од напаѓачите

Вчера околу 21:00 часот пријавено е дека во кафе бар на улица „3-та Македонска ударна Бригада“ во Куманово, по вербална расправија, 32-годишниот А.А. и 20-годишниот Ш.Ј., двајцата од Куманово, физички го нападнале 32-годишниот Б.И. од Куманово.

Според пријавеното, тие со предмети го удирале Б.И., а во еден момент Б.И. извадил нож и го прободел А.А. во пределот на стомакот.

А.А. бил пренесен во болницата во Куманово, а во болница бил пренесен и Б.И. кој се здобил со тешки телесни повреди.

СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2019 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега