Законот за употреба на јазиците е објавен во „Службен весник“

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, штотуку на својот Фејсбук профил објави дека Законот за употреба на јазиците, е објавен во „Службен весник“. Ова значи дека законот и официјално стапува на сила.

Законот за јазиците беше донесен на 11 јануари 2018 година.

Овој закон до негово официјализирање чекаше една година, бидејќи претседателот на државата Ѓорге Иванов одби да го потпише. 

 

Џафери изминатиов период неколку пати изјавуваше дека Законот за употреба на јазиците ќе излезе во „Службен весник“ едновремено со уставните амандмани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2019 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега