Снег вечерва во Македонија - овие патни правци се затворени за сообраќај

Врнежи од снег со послаб интензитет има во Скопје, Петровец, граничен премин Табановце, на Попова Шапка, Павлешенци и на планинскиот превој Ѓавато. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни  коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.

– Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица. Се уште е во сила забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец  Дебар – Струга, информира Автомото сојузот на Македонија во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот.  Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина - врска со А3 и Р1301 - Трпејца), од 15.11.2018 до 01.04.2019 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2019 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега