Ова е рокот до кога граѓаните ќе треба да ги сменат личните документи на кои ќе пишува Ребублика Северна Македонија

Постои рок во кој ќе треба да ги смениме личните документи поради новото име на земјата, која со уставните измени е преименувана во Република Северна Македонија.

За пет години или најдоцна до 2024 година личните документи на граѓаните ќе го носат новото име.

Новите лични карти и пасоши ќе треба да си ги платат граѓаните. Истото се однесува и за новите ознаки на регистарските таблички на нивните возила, најдоцна во рок од пет години откако ќе биде ратификуван договорот за името во Парламентот во Грција.

Со амандманот на БЕСА освен државјанството кое ќе биде македонско ќе стои и етничката припадност на граѓаните од малцинските заедници.

Одлуките за уставните измени и за имплементацијата на Договорот од Преспа и за измените во Уставот, се веќе објавени во Службен весник.

Ова значи дека тие веќе стапуваат на сила.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2019 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега