Мерцедес се заби во паркирани возила - тешка несреќа во Македонија

Во 03,10 часот било пријавено дека во Пробиштип на улицата „Миро Барага“ патничко моторно возило „Мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од 29-годишниот К.А. од Пробиштип, излетало од патот, притоа удирајќи во четири паркирани возила три возила “Голф“и едно возило “Опел Корса“.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Јавната здравствена установа во Пробиштип, а потоа и во Клиничката болница во Штип за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од Полициската станица Пробиштип и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2019 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега