Четири собраниски комисии ќе одржат седници

Денеска во македонското Собрание седници ќе одржат Законодавно-правната комисија и комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците,  за труд и социјална политика и за култура.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се најде Предлог-законот за правосудниот испит, по скратена постапка.

Комисијата за труд и социјална политика ќе расправа по Предлог-закон за дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, по скратена постапка, а Законодавно-правната комисија ќе расправа за Предлог - законот за правосудниот испит, по скратена постапка и Предлог-законот за дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, по скратена постапка и двата во второ читање.

КОмисијата за култура ќе одржи Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права.

26.09.2013 - 08:26

најчитано сега