Ѓорѓиевски: Не верувам дека некој подобро ги знае проблемите и решенијата на Скопје од мене

 


Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, во своето гостување во поткастот ,,Каде се парите
?” со Иван Теменугов запрашан зошто смета дека е најдобар кандидат за градоначалник на Скопје и што ќе понуди на скопјани различно од сега, рече дека во изминатиот период докажал како умее тимски да работи, да решава долгогодишни проблеми, да преговара и да изнаоѓа решенија но, и дека веќе има спремен концепт за подобро Скопје на кој веќе подолг период работи.

-  Изминативе повеќе од три години покажав како умеам тимски да работам и како умеам многумина од минатото да ги демантирам за нешто што сметале дека е повеќедецениски нерешлив проблем, решавајќи го.

Така имаме состојба во Кисела Вода каде што од целосно нерешена патна инфраструктура, близу 90% од улиците сега се целосно реконструирани. Имаме два нови пазари, имаме 9 објекти нови градинки или доградби коишто се изградени во изминатиов период, училишта кои се доградени, нови спортски објетки и комплекси итн. Во минатото беше незамисливо за викенд во Кисела Вода да го прошетате детето затоа што паркови немаше, мораше да одите во соседни општини. Така да, сметам дека во однос на стручноста и она што значи реазлизирање на проекти јас сум докажан повеќе од било кој во минатото и покажав изминативе 3 години и неколку месеци како знам и тимски тоа да го работам.

Дополнителна предност моја, сметам дека е позицијата ЗЕЛС со која што покажав дека умеам и да преговарам изминативе две години откако сум претседател, умеам да решавам и проблеми кои се надвор од мојата општина, знам да седнам две сериозно завојувани страни и да се изнајде решение.

Од трета страна пак, не верувам дека некој подобро ги знае проблемите на Скопје од мене. Но, не само проблемите туку и решенијата!

И за булевар ,,Борис Трајковски и за пробивањето коешто го чекаат повеќе децении на ,,Лука Геров” во Ѓорче Петров.

Јас имам целосно свој концепт и дел од програма која ја работам и која верувам дека ќе понуди решенија на повеќедецениските проблеми на Скопје и скопјани. – рече Ѓорѓиевски.

13.02.2025 - 13:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега