Филипче: Државниот грб ги отсликува сите карактеристики на ова поднебје - најостро ќе се спротивставиме на негова промена
Претседателот на СДСМ Венко Филипче вели дека партијата најостро ќе се спротивстави на евентуална промена на државниот грб. Ова доаѓа откако вчера премиерот Христијан Мицкоски рече дека во Владата ова прашање е веќе отворено.
-Прво сметам дека е важно да се каже дека е тоа уште еден од низата од никаде испланирани, најавени предлози на ВМРО-ДПМНЕ, рече Филипче.
За него дилема е дали освен државниот грб, власта планира да ја промени и химната.
-Сметам дека првата дилема којашто се поставува е дали во коалицијата со ВЛЕН давајќи го овој предлог можеби не се разговара и за измена на химната. И тоа е нешто што ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори. Ние сметаме дека државниот грб, сосем соодветно, прво хералдиски ги отсликува сите карактеристики и манири на ова поднебје и јасен континуитетот и од придобивките на Народно ослободителната и антифашистичката војна. Нема никаква поделба во однос на етнички групи и доколку има таква иницијатива со сите демократски средства, најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб, рече Филипче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа