Ибрахимовиќ: Мојата фудбалска кариера ќе ја завршам во Париз

Златан Ибрахимовиќ го продолжи договорот со ПСЖ се до 2016 година, па според ова може да се дојде до заклучок дека овој шветски репрезентативец, кој тогаш ќе има полни 35 години крајот на својата фудбалска кариера ќе ја дочека во овој француски тим.

- Не гледам дека некој има поголема амбиција од ПСЖ. Тука ми е одлично, клупските и моите планови се поклопуваат. Како сега стојат работите, мојата кариера ќе ја завршам во Париз, изјави Ибрахимовиќ.

Се шпекулира дека  годишната плата на Ибрахимовиќ ќе биде 15 милиони евра, со што ќе стане втор најдобро платен играч по Кристијано Роналдо. Лионел Меси има помала основна плата, но разликата со Ибра и Роналдо ја надоместува со бонуси од Барселона како и од маркентиншките права кои ги дели со клубот.

25.09.2013 - 13:05