Можностите за инвестирање во областа на енергетиката претставени во Прага

 

Македонија ги презентираше можностите за инвестирање во областа на енергетиката, за време на првата седница на Заедничкиот комитет за билатерална економска соработка во Прага.

Македонската делегација на седницата размени искуствата за зголемување на соработката во областа на земјоделството, агроиндустријата, унапредувањето на животната средина и развојот на туризмот.

Во текот на вчерашиот ден беа остварени средби меѓу експертите од двете држави, кои во три работни групи разговараа за интензивирање на трговската соработка и поттикнување на инвестициите на малите и средни претпријатија, јави дописникот на МИА.

Македонскиот заменик-министер за економија Христијан Делев, кој ја предводи македонската делегација, се сретна со директорот  на енергетскиот оддел во чешкото Министерство за индустрија и трговија, Павел Гебауер.  Беше остварена и посета на чешката автомобилска индустрија „Шкода“ каде Делев разговараше со раководството на фабриката.

Предвидено е заменик-министерот за економија Христијан Делев и чешкиот заменик-министер за индустрија и трговија Милан Ховорка, да потпишат Протокол во кој ќе бидат утврдени насоките на идната економска соработка меѓу Македонија и Чешка.

 

25.09.2013 - 09:25

најчитано сега