Аргентинецот Игуаин го врати Наполи во времето на Марадона

На синоќешното дерби од италијанската Серија А, Наполи го победи Милан со 2-1.

Во моментов само, Рома и Наполи имаат по 12 максимални бодови во лигата. Стрелци за Наполи беа Уругваецот Бритос и Аргентинецот Игуаин, на кој ова му беше трет гол на трет меч во низа.

На синоќешниот меч, Игуаин беше главниот предвоник на Наполи, ова беше натпревар на кој беше урнато проклетството на гостувањата кај Милан. Наполи последен пат славеше на „Сан Сиро“ во април 1986-та година. Таа година предводник на Наполитанците беше легендарниот Марадона кој исто така беше стрелец на еден гол во победата од 2:1.

По 1986-та година, па се до синоќешната победа, Наполи кај Милан забележа девет нерешени средби и десет порази. Исто така Милан пред своите навивачи „падна“ за прв пат од 11-ти ноември 2012-та година кога загуби од Фиорентина. Помеѓу овие два порази „Росонерите“ забележаа 11 првенствени победи и само две нерешени средби.

Од  таборот на Наполи се надеваат дека оваа сезона нивниот тим ќе биде пред великаните Јувентус, Милан, Интер и Рома, исто како во времето на Диего Марадона.

23.09.2013 - 14:04