Со извоз на земјоделски производи Македонија заработила 234 милиони евра за половина година
Македонија во првата половина од годинава од извоз на земјоделски производи заработила 234 милиони евра.
Како што пренесува Дневник, се работи за 10 отсто поголема заработувачка за разлика од минатата година. Доколку извозот на овошје, зеленчук и сточарски производи продолжи со истото темпо, до крајот на годината се очекуваат рекордни 400 милиони долари од извозот на земјоделски производи.
Македонија во текот на првите шест месеци на странските пазари продала повеќе од 279.000 тони земјоделски производи, пренесува Дневник.
Инаку, најважни партнери во извозот на Македонија се Србија, БиХ и Хрватска.
23.09.2013 - 11:23
Фото:
Нетпрес